|
|
|
Voiceline

Innomedia 2 port gateway |
|
VoiceLine е телефонска услуга која служи како алтернатива на Вашата обична телефонска линија за разговори со странство. Доколку имате 24 часовен интернет и обичен телефонски апарат со тонско бирање, VoiceLine Ви овозможува да примате и остварувате повици било каде во светот. Користејќи го интернетот за пренос на податоците, разговарате по многу пониски цени и заштедата е само Ваша!
Што ви треба за да го користите VoiceLine?
24 часовна интернет врска (АДСЛ/кабловска интернет врска)
Innomedia 2 port gateway апарат со вграден рутер или XJ100 односно XJ200 Wi-Fi Phone безжичен телефон.
VoiceLine сметка ( account)
Обичен телефонски апарат со тонско бирање
Начин на мрежно поврзување:
Месечни планови
VoiceLine ви нуди повеќе различни месечни планови како идејни решениа за Вашите потреби. Секој план вклучува ограничен или неограничен број на минути разговор месечно. Кликнете тука за детално да ги разгледате сите планови поединечно.
VoiceLine услуги
Сите месечни планови вклучуваат одлични БЕСПЛАТНИ услуги како: Говорна пошта, Повик на чекање, Идентификација на повик, Конференциска врскa, Пренасочување на повик.
Повиците помеѓу двајца корисници на VoiceLine се бесплатни.
Pay-As-You-Go план
Доколку не се одлучите за еден од месечните планови, како алтернатива може да го користите Pay-As-You-Go планот. Ако се одлучите за овој
Pre-Paid план, дојдовните и остварените телефонски повици ги плаќате според однапред определен ценовник. За повеќе информации кликнете тука.
Вашиот VoiceLine телефонски број
VoiceLine ви дава можност да избирате телефонски број во Велика Британија, Канада, Португалија, САД, Франција, Холандија, Шведска и Шпанија како и toll-free (0800) број во САД или Велика Британија. Во зависност од бројот за кој ќе се одлучите Вашите роднини и пријатели ќе бидат во можност да Ви телефонираат по многу ниски цени или бесплатно (toll-free).
Доколку Вашите роднини, пријатели или бизнис партнери/соработници се во Мајами, Флорида, Вие може да одберете телефонски број во Мајами. Тогаш кога ќе Ви телефонираат телефонскиот разговор помеѓу Вас ќе им биде наплатен како локален разговор.
Начин на плаќање
VoiceLine е PrePaid услуга што значи дека плаќањето е однапред. Неколку дена пред истекување на тековниот месечен план (со траење од 30 дена) ја плаќате тарифата за следниот месец.
ONLINE контрола на Вашата сметка (account)
Сметката (account-от) која ја добивате со VoiceLine имате можност целосно да ја контролирате на интернет. Со едноставно внесување на сметката и лозинката (pin-от) Вие сте во можност да ги слушате пораките од говорното сандаче, целосна контрола на услугите, детална сметка за остварените разговори и слично. |
|
|