Размисли! Помалку е Повеќе!  English 
За нас Производи Ценовник Партнери Поддршка Контакт
 
VoiceDirector

VoiceDirector е VoIP систем кој користи SIP протокол, направен за драстично намалување на комуникациските трошоци на големите претпријатија без намалување на квалитетот на комуникација. Изграден според популарниот МАХ PVN, VoiceDirector може да се имплементира како независен IP-PBX систем или да се приклучи на веќе постоечки PBX систем со што би се овозможило бесплатни телефонски разговори помеѓу компаниските канцеларии, претставништва и бизнис партнери ширум светот, како и ефтини меѓународни телефонски разговори било каде во светот.

VoiceDirector е едноставен за имплементирање и им овозможува на компаниите да ги развиваат своите телефонски комуникации на една единствена платформа. Овој софтверот се добива инсталиран на компјутер со специјална (серверска) хардверска конфигурација. Секоја локација е поврзана на VoiceDirector мрежата преку еден од уредите компатибилни со него:
•  Уред со повеќе портови
•  Еднопортни VoIP телефони
•  Wi-Fi телефонски апарати
•  Софтверски клиенти (доколку е овозможена PC-calling опцијата)

Бесплатни телефонски разговори се воспоставуваат помеѓу било кои две места приклучени на VoiceDirector мрежата и ефтини меѓународни телефонски разговори надвор од VoiceDirector мрежата било каде во светот.

Click to view larger image
Кликнете на слика за зголемување

VoiceDirector ги поддржува и е прилагодлив на широкиот круг различни телекомуникациски потреби:
Пакети Максимален број
едновремени разговори
Максимален број локали
на VD мрежата
Мал 10 100
Среден 15 150
Голем 25 250
VoiceDirector овозможува софистицирана функционалност на телефонски систем што е најчесто потребен во големите компании. Различни и многубројни дополнителни опции вклучувајќи: Говорна пошта, Идентигикација на повик, Пренасочување на повик, Повик на чекање, Блокирање на повик, Пренесување на повик, Последователен пристап, Едновремен пристап и други.

Дополнително, со пристап преку WEB е овозможена системска и мрежна конфигурација на VoiceDirector-от, финансиски преглед и администрација на корисниците поврзани на мрежата како и алатки кои го олеснуваат, упростуваат и го помагаат брзото развивање на телекомуникацискиот систем.
 
 
Copyright © 1996-2008 Инсиде Телекомуникации. Сите права се задржани.
Net2Phone и VoiceLine како и пропратните логоа се регистрирани заштитни знаци на Net2Phone Inc.