Размисли! Помалку е Повеќе!  English 
За нас Производи Ценовник Партнери Поддршка Контакт
 
Max 8/16


Max 8/16
  МАХ 8/16 централата e:
•   Многустрано решение за Вас и Вашите корисници
•   Апарат со комбинација од FXO и FXS портови на кои можете да приклучите обични телефонски апарати со тонско бирање, факс машини, обични аналогни телефонски линии и/или да се приклучи на веќе постоечки PBX систем
•   Лесна и едноставна инсталација на постоечка компјутерска мрежа и телефонски систем

МАХ 8/16 централата ви овозможува 8/16 ефтини меѓународни телефонски разговори едновремено. Ако бирате од една MAX централа на друга, можете да заштедите многу повеќе пари. Aко тие разговори се воспостават само преку мрежата од Net2Phone ќе добиете многу поквалитетен разговор.

Едноставна инсталација на постоечки мрежи
МАХ 8 /16 централата може лесно и едноставно да се приклучи на веќе постоечка компјутерска мрежа и телефонски систем. На компјутерска мрежа се приклучува на постоечкиот мрежен Switch или Router. Потоа, во зависност од Вашите потреби на централата може да се приклучат обични телефонски апарати, факс машини, аналогни телефонски линии или може да ја приклучите на веќе постоечки PBX систем. Крајните корисници за телефонирање користат обични телефонски апарати со тонско бирање.

Предности на MAX 8/16
•   Можност за 16 едновремени разговори преку обични телефонски апарати со тонско бирање, факс машини, обични аналогни телефонски линии и/или преку веќе постоечки PBX систем.
•  Намалени цени на разговори за сите земји
•  Огромна заштеда за повици од еден MAX апарат на друг
•  Лесно и едноставно поврзување на постоечка мрежа и телефонски систем
•  Опција за 8 или 16 порти

За да се инсталира МАХ 8/16 потребно е:
•   Мрежен Switch или Router
•   17 kbps проток за секој повик поединечно
•   Обични телефонски апарати со тонско бирање, факс машини, аналогни телефонски линии, и/или PBX систем
•   Компјутер (за конфигурирање и одржување на мрежата)

Целосно компатибилна со Мах PVN
Кликнете тука за повеќе информации за Мах PVN.
 
 
Copyright © 1996-2008 Инсиде Телекомуникации. Сите права се задржани.
Net2Phone и VoiceLine како и пропратните логоа се регистрирани заштитни знаци на Net2Phone Inc.