Размисли! Помалку е Повеќе!  English 
За нас Производи Ценовник Партнери Поддршка Контакт
 
Max 430


Max 430
  МАХ 430 централата е:
•  Многустрано решение за Вас и Вашите корисници
•  Централа со комбинација од FXO и FXS портови на кои можете да приклучите обични телефонски апарати со тонско бирање, факс машини, обични аналогни телефонски линии и/или да приклучи на веќе постоечки PBX систем
•  Лесна и едноставна инсталација на постоечка компјутерска мрежа и телефонски систем

Решение за претпријатија и интернет кафеа
МАХ 430 централата ви овозможува 4 ефтини меѓународни телефонски разговори едновремено и претставува одлично решение за претпријатијата и интернет кафеата. Со оваа централа не сте ограничени повиците да мора да ги обавувате само ако сте физички присутни до апаратот. На FXO портот од централата може да се приклучи обична аналогна телефонска линија што би Ви овозможило пристап до МАХ централата и можност да обавите меѓународен телефонски повик од било кој телефон во било кое време. На овој начин претпријатијата можат да заштедат пари доколку им овозможат на своите вработени пристап до МАХ централата иако се надвор од своите работни простории. Интернет кафињата можат да си го зголемат приходот доколку на своите корисници им овозможат пристап до МАХ централата од било кој телефон во било кое време.

Флексибилен уред
МАХ 430 централата има еден FXO и три FXS портови. Со оваа конфигурација, Вие имате различни начини како би можеле да ја приклучите и користите оваа централа. На FXS портовите може да се приклучат обични телефонски апарати, факс машини, и/или аналогна картичка од постоечки PBX систем. На FXO портот може да се приклучи обична аналогна телефонска линија или аналогна картичка од постоечки PBX систем.

Едноставна инсталација на постоечки мрежи
МАХ 430 централата може лесно и едноставно да се приклучи на веќе постоечка компјутерска мрежа и телефонски систем. На компјутерска мрежа се приклучува на тековниот мрежен Switch или Router. Потоа, во зависност од Вашите потреби на централата може да се приклучат обични телефонски апарати, факс машини, аналогни телефонски линии или може да ја приклучите на веќе постоечки PBX систем. Крајните корисници за телефонирање користат обични телефонски апарати со тонско бирање.

Дополнителни опции и услуги
•  IVR (Interactive Voice Response) функција која овозможува гласовно информирање за состојбата на Вашата сметка, заштита со лозинка и повеќе гласовни информации за корисникот.
•  Можност за остварување локални телефонски разговори преку FXO портовите
•  Можост за комуникација помеѓу локалите поврзани на уредот, што е доста корисно за канцелариска работа
•  Компатибилност со Мах ABS (Automated Billing System) софтверот кој ви овозможува да дефинирате свои цени за минута разговор кон крајните корисници, генерирање детални сметки и детален преглед за секој корисник поединечно.

За инсталиција на МАХ 430 потребно е:
•  Мрежен Switch или Router
•  17kbps проток за секој повик поединечно
•  Обични телефонски апарати со тонско бирање, факс машини, аналогни телефонски линии, и/или PBX систем
•  Компјутер (за конфигурирање и одржување на мрежата)

Целосно компатибилна со Мах PVN
Кликнете тука за повеќе информации за Мах PVN.
 
 
Copyright © 1996-2008 Инсиде Телекомуникации. Сите права се задржани.
Net2Phone и VoiceLine како и пропратните логоа се регистрирани заштитни знаци на Net2Phone Inc.