Размисли! Помалку е Повеќе!  English 
За нас Производи Ценовник Партнери Поддршка Контакт
 
Max 410


Max 410
 

Со МАХ410 централата имате можност за:
• 4 ефтини меѓународни телефонски разговори едновремено
•  Можност да телефонирате меѓународно дури и кога не сте физички присутни во Вашата канцеларија
• Ефтини меѓународни телефонски разговори користејќи ја постоечка компјутерска и телефонска мрежа

Намалете ги Вашите трошоци:
МАХ 410 централата е одлично решение за ефтини меѓународни телефонски разговори. Корисниците имаат можност да телефонираат од своето работно место или да пристапат до МАХ 410 централата и да телефонираат ефтино од било која локација. На овој начин големите претпријатија можат да ги намалат своите трошоци доколку на своите вработени им овозможат телефонирање меѓународно независно дали се наоѓаат на нивното работно место или не. Помалите претпријатија се во можност да заработат доколку на една или повеќе телефонски линии дозволат надворешен пристап за меѓународно телефонирање од било кој телефонски број.


МАХ 410 и Вашата постоечка мрежа и систем
МАХ 410 централата лесно може да се приклучи на веќе постоечка компјутерска мрежа и/или телефонски систем за меѓународните повици да се воспоставуваат преку интернет. Едноставно поврзете ја централата на мрежен router или switch. Потоа, на FXO портовите приклучете аналогни телефонски линии или поврзете ги на постоечкиот PBX систем. Крајните корисници телефонираат користејќи обични телефонски апарати со тонско бирање.

Дополнителни карактеристики на МАХ 410
•  IVR (Interactive Voice Response) функција која овозможува гласовно информирање за состојбата на Вашата сметка, заштита со лозинка и повеќе гласовни информации за корисникот.
•  Можност за остварување локални телефонски разговори преку FXO портите
•  Компатибилност со Мах ABS (Automated Billing System ) софтверот кој ви овозможува да дефинирате свои цени за минута разговор кон крајните корисници, да генерирате детални сметки и имате детален преглед за секој корисник поединечно.

За инсталација на МАХ 410 потребно е:
•  Мрежен Switch или Router
•  17 kbps проток за секој повик поединечно
•  Обични аналогни телефонски линии и/или постоечки PBX систем
•  Компјутер (за конфигурирање и одржување на мрежата) Целосно компатибилна со Мах PVN
Кликнете тука за повеќе информации за Мах PVN.

 
 
Copyright © 1996-2008 Инсиде Телекомуникации. Сите права се задржани.
Net2Phone и VoiceLine како и пропратните логоа се регистрирани заштитни знаци на Net2Phone Inc.