Размисли! Помалку е Повеќе!  English 
За нас Производи Ценовник Партнери Поддршка Контакт
 
Историјат

Во почетокот на 1992 година, основана е фирмата Шалтус. Основна дејност беше продажба и сервисирање на бела техника, апарати за домаќинство и електронски апарати. Брзиот напредок на Шалтус овозможи и проширување на дејноста. Во 1999 година во изнајмени простории во самиот центар на Охрид со дел од стручниот кадар, го отвори првото интернет кафе Инсиде. Во 2000 година Инсиде потпиша договор за соработка и застапување со светскиот лидер во областа на Интернет телекомуникациите - Net2Phone од Соединетите Американски Држави.

Истата година со потпишувањето на договорот со Net2Phone, Инсиде во Охрид и Битола ги отвара првите кабини за ефтини телефонски разговори со странство. Истата 2000-та година, поради карактерот на дејноста, Инсиде ги купува просториите во трговскиот центар „Гранит“ - Охрид, каде се сместува менаџментот, техничката поддршка и административниот персонал кои како целина овозможуваат правилно функционирање. Високиот квалитет во однос на услугите, понудата на Net2Phone уредите и техничката поддршка што ја даваше Инсиде на своите коминтенти ја наложи потребата за сопствени простории за интернет кафе и кабини за телефонски разговори. Во 2002 година во трговскиот центар „Амам“ во строгиот центар на Охрид се стекнува со сопствени простории.

Со отворањето на преставништво во Битола, вториот град по големина во Република Македонија во 2000-та година како и поддршка од страна на Net2Phone од САД се чуствува потреба за отварање на нови претставнишства ширум земјата.

Во 2005 година Инсиде се пререгистрира во Инсиде Телекомуникации. Веќе истата година се стекна со Нотификација за вршење на јавна електронска комуникациска услуга согласно Законот за електронски комуникации на Република Македонија.

Во декември 2006 година потпишан е Договор со Korea autotrade за продажба и сервисирање на познатиот светски бренд на коли HYUNDAI и се формира деловна единица INSIDE AUTO.

http://www.hyundai.com.mk
 
 
Copyright © 1996-2008 Инсиде Телекомуникации. Сите права се задржани.
Net2Phone и VoiceLine како и пропратните логоа се регистрирани заштитни знаци на Net2Phone Inc.