Размисли! Помалку е Повеќе!  English 
За нас Производи Ценовник Партнери Поддршка Контакт
 
Кои сме ние

Инсиде Телекомуникации е една млада динамична компанија, активна во телекомуникацијата преку интернет (VoIP). И покрај секојдневните потреси во цените и тарифите на телефонските услуги, кај нас го имате најдобриот, најбрзиот како и најефтиниот избор во телекомуникацијата со странство.

Компанија препознатлива по својот квалитет, доверливост и исклучително одличниот сервис кој им го дава на своите коминтенти. Нашите соработници се со големо искуство и професионалци со поглед кон иднината. Одговорноста и континуитетот кон подобрување на нашиот сервис е од круцијална важност за да се излезе во пресрет на нашите коминтенти.

Во подем е континуираниот технолошки развој, воведувањето и применета на висококвалитетните технологии со кои постигнуваме особено високи резултати. Постојаниот процес на прием и едукација на специјализирани кадри, како и целокупната организација како целина допридонесува да Инсиде Телекомуникации израсне во многу успешна и водечка компанија во областа на телекомуникациите во земјава и надвор од неа каде се и направени првите успешни чекори.

Инсиде Телекомуникации од самиот почеток се определи за чекорење напред, освојување и воведување нови технологии и поврзување на своите коминтенти со светот по ниски цени. За горенаведеното има објективна основа: современо организирана компанија на чие цело е способен, професионален и стручно образован менаџмент и е генерален застапник на Net2phone, американската компанија кое е лидер во светот на VoIP (пренос на говор преку Интернет) телекомуникацијата.

Што се нудиме

Инсиде Телекомуникации како генерален застапник на Net2Phone за Македонија, нуди апарати, технологии и технички решенија за телефонска комуникација.

Широкиот асортиман на прозиводи (апарати и програми) не прави лидери во светот на телекомуникациите:

Dialer
WiFi XJ100
WiFi XJ200
VoIP Phone
Max IP 10
MAX 410
MAX 420
MAX 430
MAX 8+
MAX 8/16
MAX T1/E1
MAX PVN
VoiceDirector
VoiceLine
Cable Telephony
 
 
Copyright © 1996-2008 Инсиде Телекомуникации. Сите права се задржани.
Net2Phone и VoiceLine како и пропратните логоа се регистрирани заштитни знаци на Net2Phone Inc.